Зошто да одберете топлинска пумпа ?
Еве неколку причини
- Прва причина е потрошувачката , смалување на сметките преку цела година и до 65% , се разбира зависи од , големината на објектот , локацијата , дали ја користите за ладење итн . Со правилно димензиониран систем , без дополнителен електричен грејач , нашите топлински пумпи работат и до температури од -25 Ц , со константно производство на топла вода од 63 Ц . Коефициентот на заштеда се зголемува кога се користи нискотемпературно греење преку зголемување на радијаторите , инсталирање на фанкоилери или подно греење . Заштеда и до преку 5 пати на температури блиску до нула
- Друга причина е секако лесното управување , со едноставно програмирање преку понудениот контролер можете да во секое време и од било кое место да го исклучите Вашиот систем , да го уклучите да се спреми за Вашето доаѓање со температура која ја сакате , или да Ви спреми санитарна топла вода Вие кога сакате преку однапред зададен распоред
- Секако да не го заборавиме огромниот придонес во намалување на емисија на ЦО2 во околината , преку значително помалата потрошувачка на електрична енергија
Постојат различни типови на топлински пумпи , и на кратко оние кои ја користат топлината од земјата или водата во земјата и се викаат геотермални топлински пумпи и вторите кои го користат воздухот и се викаат Воздух /Вода топлински пумпи.