Полиуретански панели

Замена на поцинкувани канали е денешната модерна верзија полиуретански панели од италијанскиот производител P3. Согласно потребите, нудиме различни материјали за кои што е важно да се каже дека како почетна инвестиција се поевтини од истите поцинкувани канали. Дополнително, со соодветната изолација тие се побрзи и многу полесни, а материјалот служи како придушувач на бучава. Нивниот изглед не бара да бидат затворени во спуштени плафони.
Нудиме обучување за работа со овие панели, како и соодветен алат.