Елементи за дистрибуција на воздух и регулација

Во КОМФОР КЛИМА имате голем избор на различни дистрибутивни елементи за довод и одвод на климатизиран воздух, решетки, анемостати, линиски дифузиори со модерен изглед од алуминиум, поцинкуван лим или нерѓосувачки лим- инокс, во боја по избор на инвеститорот. Стручни сме и областени за избор и за проектирање, во согласност со најновите стандарди за комфорност.

Нудиме и различни системи за регулација на температура и на притисок каде тоа е есенцијално за непречено одвивање на некој процес - операциони и сали за медицински интервенции; производство во фармацијата, во прехрамбената индустрија или на опрема со високи стандарди за чистота – бела чиста соба . Во гамата прозиводи што ги нудиме влегуваат и најразлични видови филтри со различна класа на чистота, панелни вреќасти или апсолутни филтри од светски познати производители. Обемот на прозводи е огромен, а за повеќе информации ќе Ви обезбедиме каталог на производите кои што се во нашата понуда.